Трамп не верува во владиниот извештај за климатските промени

194
ФОТО: EPA-EFE / MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Доналд Трамп не верува на тврдењата изнесени во американскиот владин извештај, во кој се предупредува на негативното влијание на климатските промени врз националната економија.

– Тоа не верувам – рече Трамп кога го прашаа за коментар за извештајот подготвен од 300 научници по барање на Конгресот. Според тој извештај, до крајот на векот САД може да изгубат стотици милијарди долари во повеќе економски сектори поради ефектот на стакленичките гасови.

Трамп рече дека го „читнал“ документот.

– Никогаш не сме биле толку (еколошко) чисти колку сега и мене тоа ми е многу важно. Ако секогаш ние сме чисти, а насекаде на друго место е загадено, тоа не е добро – оцени Трамп.

Во извештајот се вели дека климатските промени ќе влијаат и на земјоделството, производството и употребата на енергија, земните и водните ресурси, транспорт и човековото здравје и благосостојба во САД.

ФОТО: EPA-EFE / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...