Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен западен и југозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степена.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.
Утре во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Во сабота во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер што ќе предизвика значително повисоки дневни температури. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни проследени со грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси. Врнежите со променлив интензитет ќе има и во наредните денови, а температурите ќе бидат во опаѓање.