Следат два дождливи дена

357

Денеска и утре времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Попладне во источните делови врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално се очекува да наврнат над 30 л/м2.

Утре поради спуштање на постуден воздух од север, врнежите на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, но со слаб интензитет. Ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значителен пад на температурата во наредните денови. Во четврток ќе биде студено со провејување на снег, а од петок се очекува разведрување.

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.

Прекин на сообраќајот поради превртено тешко товарно возило на регионалниот пат Крива Паланка – село Огут.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...