Јанакиески и денеска ќе го спроведат од затвор во суд

126

 Во Кривичниот суд за денеска се закажани нови рочишта за случаите „Тарифа“ и „Т.Н.Т.“ на Специјалното јавно обвинителство.

За предметот „Т.Н.Т.“ денеска повторно од затворот во Шуто Оризари во Кривичниот суд треба да биде спроведен екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Тој вчера беше донесен во судот на рочиште за случајот „Титаник“, како и на јавна сеница во Апелација каде побара укинување на притворот.

Меѓу обвинетите во „Т.Н.Т.“ се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

На обвинителна клупа денеска треба да седнат и поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“  Дејан Бошковски и уште две други лица, кои се обвинети  во случајот „Тарифа“ на СЈО.

Во овој предмет станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.

Според обвинението на СЈО, обвинетите ја злоупотребиле службената положба и овластување во постапка за јавна набавка на софтвер – „ЕРП Систем“. Обвинетите со неизвршување на службената должност овозможиле правното лице – конзорциум, кое подоцна го добило тендерот да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...