Мурињо ќе добие солидна сума за трансфери во јануари

183

Раководството на Манчестер Јунајтед ќе му обезбеди солидна сума на менаџерот Жозе Мурињо за да го зајакне составот на тимот во зимскиот трансфер период, објави „Мирор“.

И покрај вестите за рекордниот пад на цената на акциите на клубот од 2017 година, „црвените ѓаволи“ планираат да потрошат десетици милиони фунти за нови играчи во јануари.

Мурињо ќе биде во можност да привлече нови играчи на позиции кои не беа засилени во текот на летото.

Меѓу играчите што ги бара Португалецот се Диего Годин од Атлетико Мадрид, Лоренцо Пелегрини од Рома и Гери Кејхил од Челзи.

Манчестер Јунајтед моментно е на седмото место во Премиер лигата со 21 бод од 13 натпревари, на седум бода помалку од топ 4.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...