Зошто Ромите се денес тука кај што се?

758

Зошто Ромите се денес тука кај што се? Кој е виновен за тоа што денес се случува со Ромите? Уште колку треба да чекаме за да се подобри?

Од перспектива на ПЦЕР

Политичката партија за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) својата цел и визија ја втемелила уште при самото формирање. Од независнота на РМ па сѐ до денес ПЦЕР е носечкиот столб на промените и правецот на генералните политики на Ромите.

Се поставува прашањето што се случува? Каде погрешивме?

При толку голем интелектуален капацитет и кадар од стотици дипломирани Роми, ние сме на дното по сите параметри: економски, социлано, културолошки. Што направивме?  Доаѓа времето кога се постувава клучната дилема зошто сме тука каде што сме? Каде оди овој Брод?!

Го оставив бизнисот и влегов во политиката неможејќи повеќе да го гледам понижувањето кон мојот народ неправдите со кој се соочуваат секој ден. Се заколнав дадов БЕСА дека ќе го направам животот на моите Роми достоинствен, праведен, еднаков.

Сите влади во последните 20 години изразуваа барем декларативно волја дека ке ја подобрат сивата слика на Ромите. Ромските коалициски партнери служеа како алиби за ромските гласови на било кои избори и откако ќе завршеа изборите како и секогаш Ромите се ставаа секогаш под килим. Оваа држава секогаш имала други приоритети, никогаш немала време за најранливите а најлојалните граѓани на РМ, Ромите.

За жал сведок сум од моето досегашно искуство во политиката дека во РМ важат „законите на џунглата“ колку си поброен толку си помоќен. Буџетот, колачот во РМ несомнено се креира во интерес на најголемите заедници – Македонската и Албанската. Зависиме од нивната милост, зависиме од нивниот потпис . Ова повеќе ме потсетува на кастите во Индија на пожелни и непожелни, за кого може за кого не може.

Дури и трошките кој ни следуваат со Рамковниот договор не ни се даваат, не ни даваат да дишеме, не уништуваат, не демотивираат. Нашата младина не гледа перспектива во својата Македонија. Како да убедам млад перспективен Ром да остане дома, да не го напушта своето семејство кога во западноевропските земји ќе може со најобична работа, на месечно ниво да заработи како за една година во Македонија.

Каде оди овој БРОД?

Оди во бездна, сигурно полека …. Што треба да направиме да го промениме сегашниот принцип на работа? Да го валолизираме ромскиот глас, да се соединиме, да се држиме цврсто за рака затоа што разединети сме полесни за манипулација.

Ако целта е едно општество, зошто Ромите немаат еднкви можности? Зошто Ром неможе да го води министерството за економија или зашто Ром неможе да биде директор на ЕЛЕМ или на Македонски пошти? Секогаш ни се даваа нешто кое е со мало општествено влијание да не можеме да помагаме на своите, туку тие да ја имаат контролата над нашити животи, а не убедуваат дека еве секој момент ќе ни дадат. Ај да размислиме, нека не ни даваат, ние самите да си го земеме она што ни припаѓа.

Ако може да се земаат кредити за глупости и Дизниленд може да се подигне кредит од 100 милиони евра за решавање на инфраструктурните проблеми, вдомувањето, развивањето на мали бизниси, да дадеме една реална финансиска инјекција на Ромите која на краток рок ќе ги вратат повторно во буџетските средства назад. Ако е правилото кој колку е броен, тогаш нека ни дадат 3 % од буџетот, ние сами ќе го раководиме и со 100 милиоини евра ние многу лесно ќе си ги решиме проблемите.

Очигледно е дека уште долго со оваа политика не може. Нашето трпение е се помало и помало, секој ден умираме, гладуваме, трпиме неправди, чашата е прелина, време е за дејствување како што доликува на 21 век. Ни требаат умни потези и мудра политика еднакво прифатена и од ромските партии и од ромските НВО.

Автор: Самка Ибраимовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...