Првиот оглас за субвенции за поставување на плински уред во автомобил ќе биде објавен следниот септември, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Законот за возила со кој треба да се овозможи оваа мерка е во собраниска процедура и би требало да биде донесен до крајот на годината.
За овој вид субвенционирање се наменети околу три милиони евра, средства кои секоја година ќе се зголемуваат.
-Па приближно субвенционирањето ќе биде како што се одвива со енергетската ефикасност и мерките што ги даваме за печки на пелети за пвц алуминиумски прозорци, но и за соларни панели, некаде ќе биде околу 50 отсто за трошоците за воведување на такви уреди – рече Бектеши.