Кога јаболкото не паѓа далеку од дрвото

Марина и Елена Јакшиќ, се мајка и ќерка и жив доказ дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото, но и дека на талентот му требаат поддршка и услови уште од најрана возраст. Иако секоја од нив е приказна за себе, наскоро организираат заеднички настан - креативна работилница за изработка на накит.

480

Марина Јакшиќ е самоука сликарка која последниве години се занимава со изработка на накит, а нејзината ќерка Елена има диплома од Факултетот за ликовни уметности и сега, освен со сликарство, исто така се занимава и со изработка на накит.

„Уште кога имаше само две години на Елена и на брат ѝ им давав да си цртаат и да бојат со бои, па кога ќе ми дојдеа дома пријателките, се чудеа како моите деца седат толку мирни. Меѓутоа, нејзиниот брат не продолжи со уметност, а разлика од Елена која се запиша во средното уметничко училиште, а потоа и на Факултет за ликовни уметности. Таа од секогаш беше креативна и имаше талент за сликарство, а уште од осум години почна самата да изработува и накит кој потоа ми го подаруваше мене, на тетка ѝ, на другарките“, раскажува гордо Марина.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Фото: PS visualart

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...