Манчевски: Во 2019. нема да има административци што седат дома и земаат плата

Манчевски посочи дека податоци околу проблематиката има Секретаријатот за спороведување на Охридскиот рамковен договор.

233

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски тврди дека идната година  веќе нема да има вработените во администациите по Рамковен договор кои не се појавуваат на своите работни места, а редовно земаат плата.

-Такви во 2019 година нема да има – рече Манчевски по презентацијата на Буџетот за 2019 година на Министерстото за информатичко општество и администрација.

Тој посочи дека податоци околу проблематиката има Секретаријатот за спороведување на Охридскиот рамковен договор.

-Не можам да бидам портпарол за сите сектори во Владата, има процеси кои се спроведуваат на дневна основа, во одредени институции – додаде Манчевски.

Тој појасни дека во различни институции спроведувањето за секој план е различно, за да им се најде место во систематизацијата и дека постапките и процедурите се секаде различни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...