Со милион долари мито, Господ ќе му ги прости гревовите, последна желба на човек од Уганда

549

Човек од Уганда како последна желба имал да биде погребан со голема сума пари, за да го подмити Господ и да побара прошка од него за гревовите.

Чарлс Обонг бил висок службеник во администрација и со години собирал пари кои планирал со себе да ги однесе во гроб. Оваа информација ја потврдило и неговото семејство.

Чарлс долго време имал проблеми со здравјето и последните денови од животот ги поминал планирајќи што ќе му рече на Господ кога ќе се сретнат на Судниот ден.

Погребан е на северот на Уганда, но неговиот мир не траел долго со оглед на тоа што гробот наскоро бил ограбен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...