Гласал или не Гаши за Законот за јазиците !

3466

Законот за употреба на јазиците не го гласале неколку пратеници од мнозинството, но и лидерите на Алијансата за Албанците и Беса Зијадин Села и Африм Гаши, стои во листингот од гласањето објавен на собранискиот сајт.

Пратениците од мнозинството: Лилјана Поповска, Маја Морачанин, Ферид Мухиќ, Ивана Туфегџиќ и Тања Ковачев не гласаа за Законот за употреба на јазиците.

Според листингот, не гласале ни Села, ни  Гаши.

Во преписка преку пораки Гаши за Плусинфо негира дека не го гласал Зконот.

-Повеќе се верува на електроника и компјутери отколку на јавно и јасно искажан став и неколку пати гласано „за“ и пак да се рече дека не сум гласал е повеќе од идиотизам – реагира Гаши.

Го прашавме и Села зошто не гласал за законот, но не добивме одговор.

Собранието денеска го изгласа Законот за употреба на јазиците со 64 гласа „за“ без да ги разгледа илјадниците амандмани на ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...