Просечно, 137 жени во светот се убиени од партнерот или свој близок, секој ден, покажува ново истражување во кое се вели дека „најчесто жената е убиена во нејзиниот дом“, објави Би-би-си.
Повеќе од половина од 87.000 жени убиени во 2017 умирале од рацете на најблиските. Скоро 30.000 од нив биле убиени од интимниот партнер, а 20.000 од роднина.
Мажите за четири пати повеќе од жените умираат во убиства. Но, повеќе од 8 од 10 жртви на убиства извршени од интимниот партнер, се жени.
Најмногу на ризик се жените од Африка.