Фримзим Даути е назначен за директор на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје.
Како што соопшти НУБ, Даути е именуван со решение на министерот за култура Асаф Адеми од 8 ноември 2018 година.
Тој доаѓа на местото на досегашниот в.д. директор на Библиотеката Сенка Наумовска, која на таа позиција беше назначена со решение на претходниот министер во август 2017 година.