Мицевски: Сакате на мала врата да протнете два закони, а ветивте отворена постапка

455

Парламентарното мнозинство денеска во Собранието не го прифати предлогот на Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да се повлече Законот за данокот на личен доход и Законот за придонеси од заедничко социјално осигурување, по скратена постапка.

Мицевски изрази сомнеж дека владејачкото мнозинство сака овие закони да ги протне на мала врата, иако Владата претходно ветила транспарентна и отворена постапка.

На дневен ред на 66 седница се и дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно-медицински препарати во второ читање, Предлог  законот за јавните набавки, како и измени и дополнувања на Законот за лековите и медицинските средства, на Законот за здравствената заштита, на Законот за ученичкиот стандард и на Законот за возила, сите во прво читање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...