Собранието ќе продолжи со работа во 13 часот, откако пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ побара пауза од половина час за да можат пратениците да ги разгледаат материјалите по точките што се на дневен ред, а кои им биле доставени непосредно пред почетокот на денешната 66 седница.
Собранискиот спикер Талат Џафери го прифати барањето и рече дека седницата ќе продолжи во 13 часот.