Подводен ресторан во Норвешка

228
ФОТО: visitnorway

Норвешка ќе го отвори својот прв подводен хотел ресторан во април 2019 година. Тој ќе има капацитет од 80 до 100 гости. Првите шест месеци по отворањето се веќе букирани.

Хотелот Андер е сместен пет метри под морето, во најјужното норвешко приморје, близу населбата Боил. Она што е највпечатливо, е широката панорама на подводниот свет и евентуалното осветлување на дното, кое исто би пружало незаборавен поглед кон морето, но сѐ уште е во фаза на осмислување.

– Хотелот е комплициран и уникатен… Неверојатно искуство за сите гости поради местоположбата, архитектурата, ентериерот, погледот и секако, врвната кујна – изјави Арне Мартинсен, менаџер на компанијата Суб-мар Груп, одговорна за овој проект.

Одговорен за менито е познатиот дански готвач Елицгард Педерсен. Ќе можат да се вкусат хранливи производи и морски плодови, карактеристични за областа.

ФОТО: visitnorway

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...