Ривер Плејт побара навивачите да не ги враќаат билетите за реваншот со Бока Јуниорс

203

Раководството на Ривер Плејт упати апел до навивачите да ги задржат билети за реваншот од финалето на Купот Либертадорес против Бока Јуниорс. Клубот е убеден дека средбата ќе се одржи во присуство на гледачи.

-Бараме од навивачите да ги задржат влезниците што ќе важат за влез на стадионот „Монументал“ на денот кога КОНМЕБОЛ ќе назначи да бидеме домаќин на натпреварот – стои во апелот на Ривер.

Во Ривер Плејт не се сомневаат дека средбата ќе се игра на нивниот стадион во присуство на гледачи.

Да потсетиме, натпреварот беше два пати одложен поради немирите надвор од стадионот кога беше нападнат автобусот со гостинските фудбалери.

Првиот натпревар од финалето заврши со нерешен резултат 2:2.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...