Одложено судењето за 27 април поради некоординираноста во Кривичен

154

Судењето за случајот со 27 април е одложено бидејќи обвинетиот Мунир Пепиќ е на рочиште за предметот „Титаник“ на СЈО каде исто така е еден од обвинетите.

Со доцнење од 40 минути, судечкиот совет за случајот 27 април влезе во судница, а судијката Добрила Кацарска им се извини на присутните.

– Иако, овие термини за судење се закажани уште во текот на месец септември поради некоординираност во судот се случи во ист ден и во ист термин да се суди друг предмет во кој како обвинет се јавува Мунир Пепиќ – рече Кацарска.

Таа нагласи дека уште од порано се закажани многу рочишта за крвавиот четврток бидејќи станува збор за актуелен предмет во кој има обвинети кои се наоѓаат во притвор.

Судењето треба да продолжи утре со изведување докази на одбраната. Се очекува да сведочат двајца сведоци по предлог на пратеникот Крсто Мукоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...