Иванов ќе учествува на 9. Самит Босфор во Истанбул

69
ФОТО: EPA/NAKE BATEV

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Република Турција, по повод учеството на 9. Самит Босфор, што ќе се одржи во Истанбул.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот, Иванов ќе се обрати на отворањето на самитот, чија главна тема годинава е „Одржување на мирот и развојот за сите“.

Во рамки на работната посета на Турција, претседателот Иванов ќе го посети градот Бурса, каде е предвидено да одржи предавање на Универзитетот „Улудаг“.

Фото: EPA/NAKE BATEV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...