Во Кривичниот суд во Скопје денеска ќе се одржи ново рочиште за случајот со 27 април. На минатото рочиште обвинителството заврши со своите докази, па судскиот процес треба да продолжи со изведување на доказите на одбраната.
Според најавите, денеска се очекува во судница да бидат сослушани сведоците по предлог на обвинетиот пратеник Крсто Мукоски. Тој има само двајца сведоците, другите докази ги повлече, а на минатите рочишта беше посочено и дека тој лично нема да дава своја одбрана.
По сведоците на Мукоски, ќе се продолжи со сведоците и доказите на другите обвинети.
Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.
На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.