Уништени 105 гранични камења меѓу Грција и Македонија

748

Непознати лица уништиле и оштетиле 105 гранични камења, што ја одредуваат границата меѓу Грција и Македонија, од грчка страна, во општина Лерин, соопшти грчката полиција.

Инцидентот се случил во периодот од 23 до 24 ноември, покрената е истрага, а биле известени и надлежното грчко обвинителство и надлежните воени власти, јави дописничката на МИА од Атина.

– Во периодот од 23 до 24 ноември 2018, непознати сторители уништија – оштетија 105 пирамиди – столбови кои ја означуваат граничната линија меѓу Грција и ПЈРМ, конкретно во делот што е северно од локалната заедница Месокамбос до источно од локалната заедница Ахлада во општина Лерин – соопштуваат од грчката полиција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...