Јанакиески и Божиновски ќе бараат Апелација да им го укине притворот

98

Во Апелацискиот суд Скопје денеска ќе се одржат јавни седници за притворите на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.

Јанакиески е обвинет во неколку случаи на Специјалното јавно обвинителство, а Божиновски, како поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, е обвинет во случајот „Титаник”.

Двајцата се во притвор по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија.

Обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова изјави дека притвор за Јанакиески и Божиновски е побаран, бидејќи СЈО имало информации дека и тие двајца планирале да побегнат, исто како и Груевски.

Одбраната на Јанакиески и Божиновски на ваквата мерка поднесе жалби до Апелацискиот суд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...