Зеколи: Обвинението на Заев кон соседите е поголем скандал од бегството на Груевски

1568

Политичкиот аналитичар Арсим Зеколи на својот Фејсбук профил ја критикува денешната изјава на премиерот Зоран Заев, кој праша како е можно четири пријателски земји да дозволат Груевски да побегне.

„Обвинението на Зоран Заев кон соседите поради неговата неспособност (или инволвираност) е скандал кој го надминува самото бегство на НГ. Дали З.З очекувал соседите да уапсат личност за која З.З немал храброст да издаде потерница или го држи под присмотра? Неверојатна хипер-демагогија“, пишува Зеколи.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...