Дебар денеска се збогуваше од својот градоначалник, Ружди Љата, кој што по тешко и кратко боледување почина на 65 годишна возраст.
По тој повод, општинскиот совет на Дебар на вонредна седница прогласи тридневна жалост.
Семејството како и голем број блиски пријатели и претставници на институции, градоначалници, муфтии и имами од Македонија, Албанија и Косово, учествуваа на комеморативната седница. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека Љата бил човек кој бил одличен пример за другите во сите обврски што ќе ги преземел.