Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека поднел резолуција за прогласување воена состојба по инцидентот во Азовско Море, каде што руската војска заплени украински бродови поради, како што рече, нарушување на руските територијални води. Украинците велат дека пловеле во неутрални води.
Националниот совет за безбедност и одбрана на Украина (НСДЦ) го поддржал прогласувањето воена состојба во текот на 60 дена.
Украинскиот лидер рече дека Киев не планира да спроведува никакви офанзивни операции ако се прогласи воена состојба.
Прогласувањето воена состојба може да доведе до масовна и задолжителна воена служба, рестрикции во медиумите и јавни демонстрации и суспендирање на изборите, меѓу другите мерки, пренесе Киев пост.