Џошуа: Ќе ја преспијам борбата меѓу Вајлдер и Фјури

227

Фановите на боксот ширум светот ги насочија погледите кон битката следната недела меѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер. Во неа Американецот треба да ја брани титулата во ВБЦ, а тој е сметан за практично единствениот човек во тешка категорија, кој може да ја оспори хегемонијата на Ентони Џошуа.

Се очекува победникот од овој натпревар да се бори токму со Британецот за обединување на сите светски титули во професионалниот бокс. И затоа, мислењето на популарниот Еј Џеј за претстојниот спектакуларен судир е исклучително интересно. Но, се чини дека тој дури и нема да го гледа.

Натпреварот е в недела наутро по европско време. Тој ќе стартува околу 5:30-6:00 часот по македонско време, што автоматски е уште два часа назад во Велика Британија. И наместо да помине една непроспиена ноќ и да го гледа идниот ривал, кој и да е тој, Џошуа преферира да си поспие.

– Овој натпревар е премногу рано наутро за мене, па најверојатно ќе го преспијам. Имам потреба Вајлдер да победи. Зашто, ако победи Фјури, потоа ќе има и реванш, а тоа ќе ги наруши моите планови. Затоа сакам Вајлдер да победи. И потоа го чекам, рече Џошуа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...