„Политико“: Унгарската разузнавачка служба го олеснила бегството на Груевски

462

Унгарската разузнавачка служба е вклучена во олеснување на бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, пишува бриселскиот портал „Политико“, повикувајќи се на изјави од свои извори.

Оттаму, констатацијата ја темелат и на изјавата од Министерот за надворешни работи, Петер Сијарто, кој кажа дека Груевски го придружувале унгарски дипломати за време на бегството.

Портпаролот на унгарската влада за „Политико“ не одговорил на прашањето дали разузнавачката служба е вклучена во операцијата со експремиерот на Македонија.

„Унгарскиот премиер Виктор Орбан е долгогодишен сојузник на Никола Груевски. Орбан јавно ја бранеше одлуката за доделување на азил на Груевски, велејќи дека во Македонија се водат „сложени политички игри’“, стои во текстот на„Политико“.

Претходно, американскиот Стејт департмент изрази загриженост за потегот на Груевски да избега, со цел да ја избегне неговата двегодишна затворска казна во Македонија, додава порталот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...