Претседателот на Титовите леви сили Слободан Угриновски почина синоќа, а веста на својот Фејсбук профил ја објави неговиот син, Никола Угриновски.
Сојузот на Титови леви сили е македонска вонпарламентарна политичка партија основана на 26 октомври 2005 година. Партијата се раководи според идеологијата на Јосип Броз – Тито, а нејзин претседател беше Слободан Угриновски.
Погребот на Угриновски ќе биде на градските гробишта Бутел утре во 14 часот и 30 минути