Премиерот Зоран Заев смета дека притворите на Мијалков Јанакиевски и Божиновски веројатно ќе влијаат врз процесите, но се надева дека двотретинското мнозинство за уставните измени не само што ќе се потврди, туку и ќе се зголеми.
-Жалам што пратениците истакнуваат дека тоа влијае. Јас се надевам дека ќе останат на своите ставови, заради тоа што процесот како тече дискусијата за нацрт-амандманите на Уставот ќе заврши со јавната дебата по втората пленарна седница, која е планирана на 1 декември. Ќе ги соопштиме амандманите по кои уште еднаш ќе потврдиме сериозна вграденост на опозициските дискусии и предлози во самите уставни амандмани, што според мене ќе значи потврдување на двотретинското мнозинство, па дури и негово зголемување- изјави премиерот Заев.
Премиерот вели дека иако понекогаш обвинителствата и судовите вршејки си ја својата работа влијаат на политичкиот процес, сите треба да се носат со одговорноста што ја имаат, пред се политичарите.