Барселона без Рафиња до крајот на сезоната

174

Шпанскиот фудбалски шампион Барселона остана без својот играч од средниот ред Рафиња Алкантара до крајот на сезоната.

Според официјалната веб-страница на Каталонците, 25-годишниот Бразилец има скинат лигамент во левото колено. Врз него ќе биде извршен хируршки зафат и го очекува долгорочно заздравување.

Рафина се повреди во натпреварот од Ла Лига со Атлетико одигран синоќа во Мадрид (1:1).

Оваа сезона, Рафиња, најверојатно, нема да се врати на теренот. Тој од почетокот на првенството одигра осум натпревари и постигна еден гол

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...