Хрватска го освои Дејвис купот

156

Хрватската тениска репрезентација е нов шампион во Дејвис купот. „Коцкестите“ во финалето ја совладаа Франција на нејзин терен.

Решавачкиот поен за Хрватска го обезбеди Марин Чилиќ кој попладнево со 3-0, по сетови 7:6, 6:3 и 6:3 го совлада Лук Пуј.

Конечниот резултат е 3-1 во победи и нема потреба од одигрување на вториот дуел предвиден за денес.

На „триколорите“ не им помогна ниту огромната поддршка што ја добија од преку 25 милјади гледачи на стадионот „Пјер Мороа“.

За Хрватска ова е втор трофеј од Дејвис купот. Првпат Хрватите ја освоија „салатарата“ во 2005 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...