Макрон: ЕУ мора да ги научи лекциите од одлуката на Велика Британија

416
Фото: ЕПА / ETIENNE LAURENT/POOL

Францускиот претседател Емануел Макрон во Брисел изјави дека Европската унија мора да ја „научи лекции” од одлуката на Велика Британија за напуштање на Унијата.

Откако лидерите на ЕУ на денешниот Самит го усвоија нацрт-договорот за Брегзит, Макрон рече дека излегувањето на голема држава, првпат во историјата наУнијата покажува дека „Европа е кревка”.

Тој истакна дека европските лидери имаат обврска „да ја заштитат (ЕУ) од сите кои забораваат дека таа е гарант за мир, просперитет и безбедност”.

Макрон и оддаде признание на британската премиерка Тереза ​​Меј за барање „пат кон трајна соработка” со ЕУ, истовремено бранејќи ги британските интереси во преговорите со Брисел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...