Владимир Милчин на Фејсбук го коментира разрешувањето на Бранка Костиќ Марковиќ, од местото претседател на УО на Македонската филхармонија.
„Директор побарал разрешување на претседателката на УО во една институција од културата! И министерот ја разрешил под итно на барање на директорот! Скандал кој не може да биде одмолчан. Кој и чиј грб стои зад оваа клиентелистичка афера? Зар министерот не бил предупреден од правниците во Министерството за култура дека одлуката е противзаконска и дека остава горчлив вкус во јавноста? Настрана што министерот го потпишал решението без да ја повика на разговор Бранка Костиќ. Министрите треба да го бранат јавниот интерес, а не партискиот. Тоа важи и за културата!, пишува Милчин.