Арачиновецот А.С.(34) бил уапсен вчера поради издржување на затворска казна од десет години за убиство, информираше МВР.
Според полицијата, осуденикот бил уапсен вчера во 13.20 часот на улицата Индира Ганди во скопската населба Шуто Оризари.
Против него имало судска наредба за издржување казна затвор од 10 години по член 123 став 2 ,,убиство“ од Кривичниот законик на Република Македонија .
По апсењето бил спроведен на издржување на затворската казна.