Фудбалската асоцијација (ФА) на Англија е против бојкот на светското првенство во 2018 година во Русија, објави „Дејли Мејл“.
Според изданието, асоцијацијата ќе биде против секој повик за бојкот на турнирот, доколку биде употребен најголемиот фудбалски настан како политички инструмент.
Од ФА најавија дека Мундијалот 2018 не е политички настан. Но, ако властите во Велика Британија ја информираат асоцијацијата дека има евентуална опасност за англиската делегација во Русија, тогаш таа позиција може да биде ревидирана.
Светското првенство ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули во 11 градови во Русија.