Заев: Со Груевски немам никакви контакти откога сум премиер ВИДЕО

680

Премиерот Зоран Заев демантираше дека комуницирал со Никола Груевски непосредно пред да ја напушти државата, додавајќи дека таа иинфомрација веќе  ја демантирал на медиумот кој ја објавил и дека е тоа објавено.

-Таман работа, ќе испадне дека заедно тоа сме го договарале. Откога сум премиер, една и пол година, со господинот Груевски немам никакви контакти. Последните контакти беа кога беше заробен, заглавен парламентот во таа бесконечна  дискусија пред да се случат немилите настани на 27 април. Тоа беше таму, во парламнтот, кога разговаравме да одблокирање на процесот, дека е јасно оти мнозинството постои и да не ја мачиме Македонија и македонските институции. Тогаш беа последните разговори- одговори Заев на новинарско прашање при денешната работна посета на Струмица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...