Мицкоски: Оваа влада безочно излажа за Еурокомпозит, Колска, Југохром, Гугл…

278

Од рубриката голи факти за црното владеење на оваа влада, фабриката Еурокомпозит е уште една измама и упропастена надеж, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.

-24 октомври 2017-та година, премиерот Заев се сретна со вработените од Еурокомпозит Прилеп. Им вети исплата на заостанатите плати и трајно решавање на проблемот со статусот на оваа компанија. Месеците поминуваа, платите повторно доцнеа, а решението се подалеку. 3 јуни 2018-та година, повторно нова надеж за близу 300 вработени, вицепремиерот Кочо Анѓушев изјави дека има заинтересирани инвеститори за Еурокомпозит и Колска. 5 месеци по ова ново ветување нема инвеститор за ниту една од овие компании, а вработените се подлабоко тонат во разочарувањето креирано од оваа неспособна влада. Ноември 2018-та година, болната реалност е: вработените на Еурoкомпозит вратени се дома, а погоните се со исклучена струја. Останаа владините ветувања како срамен доказ за една од многуте лаги на оваа Влада. Безочното лажење е само едната димензија, другата е што се демонстрира една страшна неспособност која загрозува судбини на многу граѓани. Владата брутално си поигрува со болната и изнамачена судбина, со животите на вработените од Еурокомпозит. A само ќе потсетам и за претходните лаги на Владата за кои пишував, за пропаста на Југохром, за Колска, за лагата за влезот на Google и FB и многу други. Редицата е долга, а надежта се помала. Тоа ќе се промени, само кога оваа власт ќе си замине“, додава Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...