Директорот на Македонската филхармонија Виктор Илиевски во вестите на 1 тв одговори на јавно изнесениот став на разрешената претседателка на Управниот одбор на филхармонијата Бранка Костиќ Марковиќ.
Таа претходно обвини дека на домашна адреса добила решение потпишано од министерот за култура за разрешување од функцијата прв човек на Управниот одбор. Нејзино разрешување, како што стои во документот потпишан од министерот за култура Асаф Адеми побарал директорот Илиевски.
Изнесените тврдења на Костиќ според директорот Илиевски се лаги и клевети.
Тој, меѓутоа, потврди дека министерот бил известен дека претседателката на Управниот одбор два месеца не ја става на дневен ред точката за усвојување на новата систематизација на филхармонијата со која ке се вработат уште 19 лица.
Бранка Костиќ Марковиќ, според директорот Илевски, тоа го правела од лични причини бидејки условувала за нејзино вработување, што според него, било неприфатливо и незаконски, како председател на Управниот одбор да добие и вработување во редовен работен однос.
-Ќе беше навистина штета тие 19 лица да не бидат вработени само заради тоа што таа го попречуваше тоа и затоа министерот кој беше цело време информиран донесе решение да ја разреши за да се одблокира донесувањето на новата систематизација -рече Илиевски.