Русија ќе проверува дали Американците биле на Месечината

Русите се сомневаа дека САД имале мисија на Месечината, осебно по неколку руски ракети упатени таму експлодирале на својот пат во вселената.

2451

Руската вселенска агенција Роскосмос подготвува екипаж за Месечината, пренесе руската агенција ТАСС.

Ова го исјавил директорот на Роскосмос Дмитриј Рогозин на средбата  со претседателот на Молдaвија Игор Додон.

Рогозин, оваа информација ја сподели и на Твитер каде што  напиша оти руска мисија на Месечината ќе има задача да провери дали Американците навистина биле таму пред педесетина години.

„Си поставивме цел да одлетаме таму и да провериме дали навистина биле на Месечината или не“, напиша Рогозин на Твитер.

Русите се сомневаа дека САД имале мисија на Месечината, осебно по неколку руски ракети упатени таму експлодирале на својот пат во вселената.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...