Поради интензивни врнежи од снег на планинскиот премин Стража вечерва е задолжителна употреба на зимска опрема (синџири) за сите моторни возила, информираат од Авто мото сојузот (АМСМ).
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на места со остатоци од кашест снег на коловозот.
– Во 05.00 часот прекината е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка-ГП-Деве Баир – информираат од АМСМ.