На минусни температури граѓаните на парното на Скопје Север два дена без топлина

Од вчера Макпетрол Пром-гас го прекина снабдувањето со природен гас на топланата.

1354

Граѓаните кои се греат на парното на компанијата „Скопје Север“ се жалат дека веќе неколку дена немаат греење. Тие, како што велат, сметките ги плаќаат однапред за четири месеци, ама сега кога им е потребно греење мрзнат.

Од „Скопје Север“ потврдуваат дека снабрувањето е прекинато снабдувањето,  оти вчера Макпетрол Пром-гас го прекина снабдувањето со природен гас, поради проблем во начинот на обезбедување на гаранција на плаќањето.Очекуваат проблемот да се надмине и да продолжи испораката на греењето до граѓаните.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...