Адвокатскиот тим на Сашо Мијалков за изречениот притвор смета дека е политичко, а не правно решение. Во реакција доставена до Телма, одбраната на Мијалков тврди дека никој од адвокатите не бил повикан да се произнесе за притворот побаран од СЈО.
Одбраната ги отфрла тврдењата на СЈО дека Мијалков имал врска со наводните 11 милиони евра, кои СЈО ги спомнува и наведува во барањето за притвор.
Поранешниот директор на УБК беше уапсен пред три дена.