Студентски протести во Будимпешта против затворање на Соросовиот универзитет

Студентите сметаат дека нападот врз ЦЕУ е напад врз академската и образовната слобода, владеењето на правото, 1500-те едукатори и вработени на универзитетот, па дури и демократските основи на европските фондации.

1195

Неколку илјади студенти денеска  протестираа на улиците на Будимпешта со барање да се подобрат академските слободи и ја повикаа тамошната влада да го потпише Договорот за универзитетот ЦЕУ основан од американскиот милијардер, Џорџ Сорос, јавуваат унгарските медиуми.

Владата на Орбан, донесе законски измени кои според унгарската јавност се дизајнирани само да го затворат Централно-европскиот универзитет (ЦЕУ).

Поради тоа овој универзитет најави дека ќе се пресели во Виена доколку унгарскиот премиер Виктор Орбан до 1. декември не обезбеди правна рамка за продолжување на работата на оваа институција во Унгарија.

Студентите сметаат дека нападот врз ЦЕУ е напад врз академската и образовната слобода, владеењето на правото, 1500-те едукатори и вработени на универзитетот, па дури и демократските основи на европските фондации.

Демонстрантите порачаа дека мора да се одбрани академската средина која ја симболизира ЦЕУ, а која ја слави слободата на говорот и отворената дебата.

Тие ја повикуваат владата да ја укине академската и истражувачка цензура и да обезбеди квалитетни, достапни, финансиски независни можности за образование и истражување

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...