Ракометарите на Вардар избегнаа пораз на гостувањето кај Мешков Брест, откако попладнево одиграа 31:31 и по двата пораза од Барселона во претходните две рунди, освоија бод во 9.коло од Лигата на шампионите.
„Црвено-црните“ се наоѓаа пред уште еден загубен дуел, бидејќи во последните петнаесетина минути имаа негатива од шест гола. Сепак, вардарци заиграа подобро во финишот и на крајот стигнаа до реми.
Криштопанас со осум погодоци беше најефикасен во гостинскиот состав, а голот со кој Вардар стигна до нерешени 31:31 во последната минута го постигна Германецот, Кристијан Дисингер.
По некомплетното деветто коло, македонскиот првак е на 3.место во А-групата од Лигата на шампионите со 11 бода.
Во следното коло Вардар е домаќин на полски Киелце.