Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) предложи на ФИФА Светското првенство да се одржува на секои две години, изјави претседателот на организацијата Алехандро Домингез.
– Ние секогаш ќе ја поддржуваме идејата и предложивме на ФИФА да се одржува Светското првенство на секои две години, а не на четири. Наместо да се игра Лигата на нациите помеѓу турнирите, можеме да играме секоја година. Ако ја промениме формата, многу од фудбалерите ќе можат да играат на Светско четири пати во својата кариера, а не два, на пример. Понудивме на ФИФА светска лига на нациите или светско првенство на секои две години. Од економска гледна точка сметам дека ФИФА може да заработи пари- изјави Домингез пред „Индепендент“.
ФИФА ја разгледува можноста да се одржи светска лига на нациите и клупско светско првенство во проширен формат.