Лацио отфрли понуда на Милан за Милинковиќ-Савиќ

Со истата формула, раководството на Милан го привлече во својот состав Гонзало Игуаин од шампионот на Италија – Јувентус.

89

Тимот на Лацио отфрлил понуда на Милан за трансфер на српската ѕвезда Сергеј Милинковиќ-Савиќ, соопштува „Кориере дела Сера“.

Тоа се случило во последните денови од летниот преоден рок, во кој „росонерите“ го засилија составот со Гонзало Игуаин и уште неколку фудбалери. Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито одбил да го отстапи Милинковиќ-Савиќ на Милан за 30 милиони евра, а кон договорот за Србинот, „росонерите“ поставиле и опција за негово откупување за 90 милиони.

Со истата формула, раководството на Милан го привлече во својот состав Гонзало Игуаин од шампионот на Италија – Јувентус. Сега Милинковиќ-Савиќ се посилно е поврзуван со трансфер во градскиот ривал Интер, кој по доаѓањето на Џузепе Марота ќе се обиде да го засили значително составот во летниот трансфер прозорец.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...