Локвенец: Ги исополнуваме стандардите, ја подготвуваме АРМ за НАТО (ВИДЕО)

По десетгодишното намалување на буџетот за одбраната, во 2019 година, втора година по ред ќе следува ново зголемување.Во 2019 година буџетот за одбрана ќе изнесува 135 милиони евра. Војниците на АРМ, како и сите вработени во Министерството за одбрана добиваат повисоки плати од 5 отсто од наредната година, вели Локвенец.

100

Силно сме посветени на интеграцискиот процес што Македонија ја води до полноправно членство на НАТО, како врвен национален и државен интерес, рече на денешната прес-конференција пратеникот од редовите на СДСМ Хари Локвенец.

Тој образложи дека за таа цел се обезбедени повеќе пари за достигнување на НАТО стандардите и опремување на АРМ како и повеќе пари за поголеми плати и подобрување на животниот стандард на нашите војници.

-По десетгодишното намалување на буџетот за одбраната, во 2019 година, втора година по ред ќе следува ново зголемување. Во 2019 година буџетот за одбрана ќе изнесува 135 милиони евра.Војниците на АРМ, како и сите вработени во Министерството за одбрана добиваат повисоки плати од 5 отсто од наредната година. 30 милиони евра се обезбедени за опремување, за набавка на униформи, за дел од испораката на војнички чизми, подобра храна, резервни делови, обуки и школувања на припадниците на АРМ – рече Локвенец.

Според него, по добиената покана, во 2019 година Македонија има историска шанса, стануваме 30 земја членка на НАТО Алијансата.

-Тоа значи остварување на врвниот стратешки интерес, тоа значи гаранција на нашата безбедност и неповредливот на границите, но значи и повеќе странски инвестиции, достапност до нови знаења и технологии и секако повеќе пари кај граѓаните -рече Локвенец.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...