Чедомир Јовановиќ не добил понуда од Заев за советник

Јовановиќ кој негува добри односи во регионот, сѐ уште не одговорил на понудата на Заев.

508

Лидерот на опозициската Либерално демократска партија на Србија, Чедомир Јовановиќ не е советник во Владата на Република Македонија и не е предвидено такво место во Владата, велат за Плусинфо од Владата.

Оттаму додаваат дека не е преговарано со Јовановиќ за советничко место во Владата.

Вчера српските медиуми објавија неофицијална информација во која се тврди дека лидерот на опозициската Либерално демократска партија на Србија, Чедомир Јовановиќ добил понуда од македонскиот премиер Зоран Заев функција на советник во својата влада.

Повикувајќи се на неименувани извори, весникот наведува дека на Јовановиќ му било понудено местото советник за регионални односи и европска интеграција.

Според информацијата Јовановиќ пак му понудил на Заев создавање на регионална коалиција за мир во која покрај Србија и Македонија би влегле и претставници на Босна и Херцеговина и Црна Гора и „која би ја терала европската приказна и договорот на Белград со Албанците“.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...