Унгарска опозиција: Груевски не ги исполнува условите за азил!

Опозицијата во Унгарија смета дека власта ги прекршила законите со давањето азил на Груевски. Тие тврдат дека Груевски не ги исполнил потребните услови за добивање на азилот.

994

Заедничка акција против однесувањето на унгарската власт во врска со давањето на азил на поранешниот македонски премиер, сега осуденик и бегалец, Никола Груевски подготвуваат унгарските опозициони партии.

Опозицијата во Унгарија смета дека власта ги прекршила законите со давањето азил на Груевски. Тие тврдат дека Груевски не ги исполнил потребните услови за добивање на азилот.

Партиите Дијалог за Унгарија (MSZP), Демократска колаиција (DK) и партијата Други политики се возможни (LMP) веќе имале заеднички консултативен состанок, пишува „24.hu“ повикувајќи се на свои извори.

Според информацијата тие прво ќе иницираат панел дискусија за ова прашање и ќе бараат формирање на парламентарна истражна комисија.

Потоа до властите ќе достават заеднички став на опозицијата за случајот Груевски, а парламентот ќе добие предлог како да се постапи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...