Дел од граѓаните кои синоќа пазаруваа во ТЦ „Сити Мол“ на „Црниот петок“ дополнително мораа да платат и казна за погрешно паркирање. Полицијата соопшти дека синоќа во периодот од 19 до 23 часот презела мерки за регулирање на сообраќајот и казнила 23 возач за погрешно паркирање.
Полицијата соопшти дека „пајакот“ синоќа подигнал 21 моторно возило, а биле врачени се 26 мандатни платни налози и тоа: седум платни налози за паркирани возила на коловоз, седум платни налози за паркирани возила на тротоар, зеленило и дванаесет платни налози за паркирани возила на автобуско стојалиште.